Нетанјаху со закана до Хезболах: Добро размислете дали ќе го нападнете Израел!

Точка

04/08/2020

18:55

1.951

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди денес либанската милитантна група Хезболах и другите исламски групи да не се обидуваат да го нападнат Израел и дека ќе направат се што е неопходно за да ја одбранат земјата.

Нетанјаху тоа го изјави откако израелските сили соопштија дека откриле план за инфилтрирање на осомничени исламски екстремисти од Сирија.

„Би ги советувал, посебно Хезболах, да размислат за тоа. Ова не се празни зборови и имаат тежина“, изјави Нетанјаху, пренесува „Ерусалим Пост“.


Израелската армија соопшти дека синоќа биле погодени цели во Сирија, откако екстремисти се обиделе да подметнат експлозив на Голанската висорамнина која е под израелска контрола.

Израелските безбедносни сили нападнале четворица осомничени за кои се верува дека загинале.


Нетанјаху кој денес посети воена база, изјави дека Израел нема да се двоуми околу преземањето на понатамошни мерки.

„Ќе сториме се што е потребно за да се одбраниме. На сите нив, вклучувајќи ги Хезболах, им предлагам да размислат за тоа“, изјави Нетанјаху.



Спонзорирани линкови

Маркетинг