Орканско невреме ја погоди Хрватска: Настрадаа покриви од куќи, стебла, автомобили...

Точка

04/08/2020

18:10

1.596

Големина на фонт

а а а

Славонски Брод и околината денес беа погодени од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица, а бројни стебла биле срушени на повеќе места. Наврнало 17 литри дожд на метар квадратен, а во еден момент бил регистриран налет на ветар од 49 километри на час.

Како последица на невремето, откорнати биле и кабли и дошло до електричен спој и пожар на покрив од куќа, но за среќа нема повредени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг