Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње

Макфакс

04/08/2020

17:00

1.316

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Боговиње поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата и против правно лице од с. Боговиње, сопственост на М.А. (51) од с. Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

„Првопријавениот во текот на јули 2020 година како градоначалник на општина Боговиње постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластувањето и спротивно на законот овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с. Синичане, Тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за почнување градба.

Притоа во име на Општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ. A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M. A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и почнал со градежни активности“, соопшти СВР Тетово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг