Точка ТВ: Бизарни љубовни врски кои ќе ве шокираат (Прв дел)

Точка

04/08/2020

17:40

5.089

Големина на фонт

а а а

Можете ли да поверувате дека еден маж ја се развел од својата сопруга затоа што се заљубил во копир апарат? Да, тоа е точно, следната листа која ви ја подготвивме целосно ќе ве шокира.

Додека некои од овие случаи ќе ве насмеат или згрозат, некои ќе предизвикаат емотивни дилеми и никогаш нема да ви биде чудно што вашата сосетка е заљубена во Бред Пит и сака да има со него четири деца.

Калигула и коњот Инцитат. Не само што овој познат император бил во врска со својата сестра Друзила, тој имал и несекојдневен однос со својот коњ.

Калигула толку многу го сакал својот коњ (иако веројатно не во сексуален смисол), што му обезбедил царски живот. Инцитат живеел во штала од мермер и слонова коска и секогаш бил украсен со скапоцености. Го служеле 18 слуги, а Калигула имал намера да го постави за конзул.

Еија-Рита Берлинер Мауер. Презимето на оваа госпоѓа во слободен превод гласи - Берлински ѕид со оглед на тоа што за ѕидот се омажила во 1979-та година откако ѝ била дијагностицирана необична состојба на сексуалност кон објекти. Госпоѓата тврди дека се заљубила во ѕидот уште кога го видела на телевизија за прв пат на своја 7-годишна возраст.


Тогаш започнала да собира фотографии од ѕидот и да собира пари за да го посети. Иако е девица, таа тврди дека со ѕидот има исполнет љубовен однос. Кога целиот свет го славел падот на ѕидот во 1989-та година, таа била скршена од болка поради „смртта“ на својот сопруг. Конечно го преболела и сега е во љубовна врска со ограда.

Нејдет Бојанеј од Турција тврди дека имал средба со вонзејманин во 1975-та година кога имал 10 години. Потоа, се среќавале по два пати неделно, а Нејдет тврдел дека вонземјанинот го допирал со рацете кои биле меки и лепливи. Оваа таканаречена врска продолжила до 1996-та година и откако Нејдет се оженил, а истата година одлучил во интервју да го открие своето искуство. Набрзо потоа го загубил животот во бизарна несреќа во купатило.


Ал Томејни бил џин висок над 2,5 метри (во Гинисовата книга пишува дека бил висок 2,2 метри) и тежок 162 килограми. Најголемиот дел од својот живот го поминал како циркуски џин, а на циркус во Чикаго во 1936-та година се запознал со неговата идна сопруга, Џени Томејни. Џени била родена без една нога, а имала само 76 сантиметри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk