Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници - почуваат преговорите за нова влада

Макфакс

04/08/2020

15:00

2.918

Големина на фонт

а а а

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав.

Седницата беше прекината по изгласувањето на извештајот од Верификациската комисија, а продолжението ќе биде веројатно кога ќе бидат познати коалициите меѓу партиите, односно кога ќе се обезбеди парламентарното мнозинство. Тогаш ќе се избираат претседатели и потпретседатели на Собранието. До изборот на нов претседател со седницата ќе претседава претседателот во заминување, Талат Џафери.

Претседателката на Верификациската комисија, Јагода Шахпаска, посочи дека сите членови едногласно се согласиле да им се верифицираат мандатите на сите 120 пратеници.

„Разгледувајќи го извештајот од ДИК за предвремените парламентарни избори, Комисијата утврди дека тие се спроведени во согласност со решението за спроведување на изборите. Комисијата констатира дека нема основ за оспорување на изборот на ниеден од 120-те пратеници. Верификациската комисија предлага да им се верифицираат мандатите на сите пратеници“, рече Шахпаска.

На следната седница треба да се избере и нов владин состав, кој треба да биде составен од парламентарното мнозинство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг