Челси отворен да слуша понуди за дури десет фудбалери од првиот тим

Дерби

04/08/2020

14:58

1.118

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Челси се отворени да ги слушнат понудите за дури десет фудбалери од првиот тим.

Составот на Френк Лампард ќе претрпи сериозни измени во летниот преоден рок, па по договарањето на Хаким Зијеш и Тимо Вернер време е клубот да се ослободи од некои игрчаи.

Така, медиумите во Англија пишуваат дека Челси би можел да продаде и третина од својот состав само доколку на нивна адреса пристигнат вистински понуди.

На продажба се ставени Кепа Аризабалага, Жоржињо, Антонио Рудигер, Курт Зума, Андреас Кристијансен кои доколку не стигнат примамливи понуди би можеле да останат во клубот.

Играчите од кои Челси ќе притиска да се ослободи се Емерсон, Виктор Мозес, Тему Бакајоко, Дани Дринквотер и Мичи Батсуаи. Дел од нив беа на позајмици, а дел претежно ја грееја клупата на „Стемфорд Бриџ“.

Се очекува во следниот период Челси да донесе лев бек и тоа веројатно ќе биде Серхио Рехуилон, како и нов голман кој ќе биде замена за Кепа Аризабалага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг