Ексклузива или најгрдото нешто што сте го виделе? Ферари како ВИП лимузина

Точка

04/08/2020

15:41

4.235

Големина на фонт

а а а

Луксузните лимузини засновани на суперспортските автомобили се специјалитет на американските работилници, но конкретниот Ферари 360 Модена Лимо е „продолжен“ во Австралија.

Откако автомобилот бил увезен во 2012-та година во Австралија од Велика Британија, пристигнал во рацете на мајстори кои очигледно во ова Ферари виделе нешто повеќе од „обичен“ суперспортски автомобил.


Автомобилот најпрвин бил пресечен на половина, а потоа добил нова алуминиумска шасија и дополнителни панели од истиот материјал. На задниот дел се поставени атрактивни врати кои се отвораат нагоре и така настана оваа ВИП лимузина за која креаторите тврдат дека е единствена таква во Австралија.


Во ова Ферари сега можат да се сместат осум лица кои на располагање имаат телевизор, моќен аудио систем, амбиентално осветлување и мини бар.


Моторот е непроменет, 3,6-литарски V8 кој развива 400 коњски сили, но сега доаѓа во комбинација со нов менувач од Субару. Ферари 360 Модена Лимо е на продажба по цена од 399 илјади австралиски долари (околу 242 илјади евра), а има поминато 65 илјади километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг