За време на жешките летни денови, еден од омилените десерти е токму сладоледот кој е уште повкусен кога доаѓа во домашна варијанта.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт за домашен сладолед од кајсија во кој ќе ужива целото семејство.
- 200 мл. млеко
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 2 жолчки
- 80 гр. шеќер
- 500 гр. кајсии
- 300 мл. слатка павлака
1. Варете го млекото заедно со ванилиниот шеќер – кога ќе зоврие варете уште малку, па тргнете го од оган.
2. Во меѓувреме изблендирајте ги исчистените кајсии, а во друг сад помешајте ги жолчките со шеќерот. Полека додавајте го топлото млеко во садот со жолчките, а потоа ставете ја оваа смеса на тивок оган за да се згусне.
3. Откако смесата ќе се излади, во неа додајте го пирето од кајсии и ставете ја во замрзнувач околу 1 час.
4. Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте ја во садот со смесата од кајсии. Добро промешајте и оставете да се стегне во замрзнувач околу 3 часа.
5. Повремено промешувајте ја смесата и враќајте ја во замрзнувач – со мешањето се крши ледот кој се формира во текот на замрзнувањето и се добива хомоген, мек сладолед.