Џафери со порака до пратениците: Додека трае паузата останете во салата, запознајте се меѓу себе

Точка

04/08/2020

13:48

2.451

Големина на фонт

а а а

Денес во Големата сала во Собранието на Македонија, Талат Џафери како претседавач ја отвори конститутивната седница.

Новиот парламентарен состав во Големата сала во Собранието гласаше за избор на претседател и членови на Верификационата комисија, а за претседател на комисијата со 115 гласови „За“ беше избрана Јагода Шахпаска.


Набрзо потоа Џафери даде 30-минутна пауза и од пратениците побара да останат во салата поради здравствено-безбедносни причини.


„Седете во салата додека трае паузата. Не се шетајте од безбедносни причини, освен ако немате потреба од тоа. Седете тука и запознајте се меѓу себе“, рече Џафери.


Да потсетиме, денес новиот парламентарен состав пристигна во Собранието каде што важат посебни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. На влезот во зградата на пратениците им беше проверувана телесната температура, а пратениците задолжително мора да носат заштитни маски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг