Смолинг се враќа во Манчестер Јунајтед: Разаочаран сум...

Дерби

04/08/2020

13:45

2.674

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и Рома не постигнаа конечен договор за негово останување во главниот град на Италија, па играчот ќе се врати во клубот кој го поседува неговиот договор.

Крис Смолинг и официјално нема да биде дел од Рома на преостанатите натпревари кои клубот ги има во Лига Европа, а по тој повод се огласи со порака на социјалните мрежи.

– Разочаран сум што не можам да ја завршам сезоната која ја започнавме. Искуството и љубовта која ја добив за краткото време овде беа екстра специјални и никогаш нема да ги заборавам.

– Сакам да се заблагодарам и да им посакам на сите играчи и стручен штаб се најдобро против Севилја, -напиша Крис Смолинг на социјалните мрежи.

Фудбалерот како што налага договорот сега ќе се врати во Манчестер, но голема е веројатноста дека тој кариерата ќе ја продолжи повторно на Апенинскиот полуостров.

Во моментов интерес за него има од речиси сите големи екипи од Италија, а последно се зборуваше за интересот на Јувентус кој е подготвен да го испрати Бернардески во Манчестер во замена за стоперот кој зад себе остава одлична сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг