Казни за 147 лица поради неносење маски во Охрид, Струга и Кичево

Макфакс

04/08/2020

13:43

1.008

Големина на фонт

а а а

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 147 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-118, Струга-09, Кичево-20).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг