Лукашенко предупредува: Планетата може да експлодира во секој момент

Точка

04/08/2020

14:01

2.748

Големина на фонт

а а а

Белорускиот лидер Александар Лукашенко во предизборното обраќање до нацијата и парламентот порачал дека планетата оди кон пропаст и дека би можела да "експлодира" во секој момент.

"Нашата планета постепено, но сигурно оди кон пропаст. Изгледа дека е доволно да се запали обичен кибрит и планетата ќе експлодира", рекол Лукашенко, пренесува "Sputnik". 

Тој истакнал дека е најлошо тоа што меѓународно-правните и мултилатерални политички инструменти за регулирање всушност станале анахронизми, кои никој не ги зема во предвид.

"За жал, се воспостави дека светските владејачки елити не се во состојба да развијат нови инструменти", рекол Лукашенко.

Оценил дека светот станува се понестабилен и понепредвидлив и дека несогласувањата меѓу државите и сојузите насобрани во текот на последните децении минуваат во критична фаза на судир.

"Во последно време ниеден од најважните меѓународни проблеми не бил решен", рекол Лукашенко во обраќањето.

Според неговите зборови, интеграционите структури во светот минуваат низ систематска криза, а некои во суштина исчезнале и постојат само на хартија.

Во Белорусија денес на повеќе од 5.500 гласачки места почнало раното гласање на претседателските избори, додека главниот изборен ден е на 9-ти август, соопштила Централната изборна комисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг