Поранешниот крал на Шпанија бега од Земјата поради корупциски скандал од 100 милиони долари!

Точка

04/08/2020

21:01

4.135

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос отпатувал во Доминиканската Република, објавил весникот "La Vanguardia", без да го наведе својот извор.

Тој вчера го известил својот син, кралот Фелипе Шести, дека ја напушта земјата и дека ќе живее во некоја друга држава, откако минатите недели против него се објавиле обвиненија за корупција. 

"Воден од желбата да го направам тоа што е најдобро за да му служам на шпанскиот народ, на шпанските институции и тебе, како крал, те известувам за својата одлука да ја напуштам Шпанија во овој момент", се наведува во писмото кое Хуан Карлос го пратил до својот син, а кое го објавило кралското семејство на својот сајт.

Кралот Фелипе Шести му се заблагодарил на својот татко за таа одлука и укажал на "историското значење" кое владеењето на Хуан Карлос го претставува за демократија на Шпанија по фашистичката диктатура на Франсиско Франко, пренесува "Reuters".

Шпанскиот врховен суд во јуни отворил истрага за вмешаноста на Хуан Карлос во постигнување на договорот за брза железница во Саудиска Арабија, откако еден швајцарски весник објавил дека поранешниот шпански крал примил 100 милиони долари од покоjниот саудиски крал Абдулах.

Карлос потоа наводно префрлил голем дел од тие пари на некогашен пријател, а инспекторите сметаат дека е можно да станува збор за криење на пари од надлежните власти.

Хуан Карлос се смета за заслужен за помошта на Шпанија со мирен пат да ја обнови демократијата во земјата, по смртта на диктаторот Франсиско Франко во 1975-та година. Меѓутоа, Хуан Карлос, окружен со скандали од последните години од своето владеење, абдицирал во корист на синот во 2014-та година, со што го изгубил имунитетот кој му е загарантиран со Уставот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг