Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос зад себе остава фантастична сезона во која освен на дефанзивен, одлично се снаоѓаше и на офанзивен план.
Рамос беше еден од најзаслужните играчи поради кои што четата на Зинедин Зидан стигна до титулата во Ла Лига.
Поранешниот соиграч на Рамос од Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт смета дека во моментов тој е најдобар стопер на светот и посочи уште колку мисли дека Рамос активно ќе се занимава со фудбалот.
– Според мене тој е најдобар дефанзивец на светот. Кога бев во Реал тој имаше 21 или 22 години. Енергијата пукаше од него, сакаше да биде насекоаде, да работи се.
– Сега е поинаку. Созреа и го користи својот талент на најдобар можен начин. Стана вистинска машина. Го гледав неодамна и се запрашав колку години има. 34? Сигурен сум дека може да биде на ова ниво барем уште шест години, -изјави Ван дер Варт.