Пронашле морнари на напуштен остров: СОС пораката испишана на плажата им го спасила животот

Точка

04/08/2020

12:35

3.231

Големина на фонт

а а а

Тројца морнари од Микронезија завршиле на изолиран остров во западниот дел на Тихиот океан, а пронајдени се благодарение на СОС пораката која спасувачите ја забележале на плажата.

Австралиските одбранбени сили соопштија дека мажите биле пронајдени неповредени во неделата на островот Пикелот во Микронезија, благодарение на австралиските и американските воени авиони. Пикелот се наоѓа на околу 200 километри западно од местото од каде што тргнале.

Морнарите исчезнале откако нивниот брод останал без гориво и така ја променил рутата. Властите од Гуам, американски остров во непосредна близина, започнале со потрага во саботата откако морнарите не пристигнале на дестинацијата.

Австралискиот брод "HMAS Canberra" кој располага со хелиодром, примил повик за помош додека пловел помеѓу Австралија и Хаваи.


Во неделата австралискиот хеликоптер на еден од тие острови забележал СОС знак испишан на плажата.

Пронаоѓањето на морнарите за многумина е како пронаоѓање на „игла во сено“, затоа што Микронезија се состои од 600 мали острови во Пацификот. Островот Пикелот на кој биле пронајдени морнарите е ненаселен и голем помалку од еден километар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг