Трамп повторно шокира: Од мерките против коронавирусот има повеќе штета...

Точка

04/08/2020

20:26

1.726

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека карантинските мерки преземени во рамките на борбата против коронавирусот не го спречуваат ризикот од идните инфекции.

Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа одговараше на прашањата на новинарите за актуелните случувања во земјата, првенствено за пандемијата на коронавирусот со огглед на тоа што САД е најпогодена земја во светот.

Тој потсети дека епидемијата на коронавирусот и натаму е многу активна во одредени делови од земјата и ги повика граѓаните да бидат внимателни.

„Сите Американци би требало да знаат дека карантинот не е одржлив метод за постигнување на посакуваниот резултат. Штетата од овие методи е поголема отколку користа од нив“, изјави Трамп.


Во врска со тоа што епидемијата започнува забрзано да се шири ширум светот, американскиот претседател порача:

Карантините не го спречуваат идното пренесување на Ковид-19. Целта на карантинот беше да се добие време за изградба на капацитети, посебно болници против вирусот, да се научи повеќе за болеста, развивање на вакцина и лекување“, изјави Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг