Овој напиток потребно е да го консумирате пред оброк, три пати дневно.
Напитокот е особено добар за оние кои што јадат обилен оброк или пак во текот на диета.
Идеално решение е за прочистување на крвта од маснотии, но и за детоксикациј на целото тело.
- 400 грама целер и
- 1 кг. лимон
Изрендајте 400 грама корен од целер. Додадете 2 литри вода и во тоа изрендајте малку лимонова кора. Варете 20 минути, а потоа оставете да се излади 5-6 часа.
Исцедете 1 килограм лимон и додадете го во вода со изренданиот целер. Процедете ја течноста низ цедилка и ставете ја во стаклено шише.
Овој напиток консумирајте го пред оброк три пати дневно.
Поради изобилството на различните корисни состојки, целерот има исклучително лековити својства. Тој ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол, триглицеридите, но и го детоксира телото.