Урнебесна реакција на Де Хеа: Менаџерот на Рос Каунти е копија на голманот на Манчестер Јунајтед

Дерби

04/08/2020

11:27

2.563

Големина на фонт

а а а

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа предизвика лавина коментари со својата последна објава на социјалните мрежи.

Имено, Шпанецот објави фотографија од тренерот на тимот на Рос Каунти, Стјуарт Кетлевел кој неверојатно потсеќа на него.

Кетлевел е вистинска „копија“ на шпанскиот чувар на мрежата, па затоа овој Твит на Де Хеа доживеа голема популарност и за кратко време беше „лајкнат“ од над 100.000 акаунти.

Меѓу играчите кои со шега коментираа на оваа објава на Де Хеа беше и неговиот соиграч од Јунајтед, Маркус Рашфорд кој не можеше да се изначуди на сличноста на фудбалерот со тренерот на шкотскиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг