Продолжува потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро

Точка

04/08/2020

11:51

2.602

Големина на фонт

а а а

Утринава продолжи потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро, а истата ќе трае сè до пронаоѓање на момчето.

Вчера потрагата беше привремено прекината поради лошите временски услови. 

Во Полициската станица – Ресен завчера во 18:18 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба “Претор”, во водите на Преспанското езеро исчезнал И. М. (2004).


Инаку, 16-годишното момче било од Ресен, а несреќата се случила откако се превртела педалинката на која бил тој заедно со свои двајца другари. Тие успеале да се извлечат од под педалинката, додека И.М. не успеал да исплива на површината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг