Челси се откажува од Чилвел се насочува кон играчот на Реал Мадрид кој беше избран за најдобар лев бек во Ла Лига

Дерби

04/08/2020

10:58

1.162

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Челси веројатно ќе се откажат од намерата да го ангажираат Бен Чилвел иако има интерес за соработка од двете страни.

Лестер бара високи 80 милиони фунти за услугите на Чилвел, а таа сума Челси не е подготвен да ја плати, па затоа се насочиле кон далеку поевтина, но исто одлична варијанта.

Имено, според „Скај Спортс“, клубот од Лондон се приклучил во трката за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид кој сезоната ја помина во Севилја, Серхио Рехуилон.

Рехуилон беше посочен како најдобар лев бек во Ла Лига за сезоната што измина, но и покрај тоа за него нема место во таборот на Реал Мадрид затоа што таму позицијата ја држат Марсело и Ферлан Менди.

За Рехуилон се заинтересирани и Севилја и Евертон кои се подготвени да платат 18 милиони фунти за да го донесат во своите редови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг