Јовиќ има добра причина да си замине од Реал: Доби примамлива понуда од поранешниот тренер

Дерби

04/08/2020

10:22

1.556

Големина на фонт

а а а

Лука Јовиќ имаше прва сезона за заборав во Реал Мадрид и речиси немаше никакво влијание во титулата која ја освои „кралскиот клуб“ во домашното првенство, но не само што не беше продуктивен на теренот, Србинот си направи и проблеми со тоа што беше доста недисциплиниран надвор од него.

Јовиќ успеа да го навлече гневот на фановите и ги сврте против себе шпанските медиуми со неколкуте постапки кои не доликуваат за играч кој ги брани боите на Реал, па затоа сите веруваат дека најдобро за него и неговата кариера ќе биде барем за момент да си замине од шпанската престолнина.

Младиот српски напаѓач во Реал не беше ниту бледа сенка на играчот кој минатата година ја воодушеви Европа, но тоа не го намалува интересот за него, бидејќи покрај италијанските и англиските клубови, сега го посакува и Монако.

Угледниот „Франс Фудбал“ тврди дека Јовиќ сега иам добра причина да го напушти Реал Мадрид, бидејќи добил повик и прималива понуда од својот поранешен тренер во Ајнтрахт Франкфурт.

Нико Ковач пред извесно време го презема Монако и го наследи Роберт Морено на клупата, а се верува дека една од главните цели пред стартот на новата сезона ќе му биде да донесе нов квалитетен напаѓач. Респектабилниот медиум кој ја доделува „Златната топка“ информира дека Ковач веќе стапил во контакт со Јовиќ, па поради тоа шансите се навистина поволни за евентуален трансфер, уште повеќе ако се знае дека и Реал Мадрид е отворен за преговори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг