Џенифер Лопез се пофалила со фотографија без грам шминка – Фотошоп или добра генетика, проценете сами!

Точка

03/08/2020

15:17

7.264

Големина на фонт

а а а

Со објавата на Инстаграм без грам шминка, Џеј Ло ги воодушевила своите следбеници, покажувајќи им дека изгледа како повеќето жени.

Иако на нејзиното лице се гледаат подочници, пејачката изгледа одлично со оглед на фактот што неодамна наполни 51 година. Сепак, нејзината објава предизвика бурни реакции и поделени мислења. 

Без оглед на фактот што е во шестата деценија, Лопез може без проблем да застане рамо до рамо со многу помлади девојки, бил ставот на еден дел од фановите додека други ја обвиниле дека таа користи Фотошоп и дека во реалноста не изгледа така.

“Јасно се гледа дека употребувала филтери”, искоментирал еден следбеник.

Погледнете ја фотографијата и проценете сами дали латино дивата ја уредила својата фотографија или навистина изгледа вака штом стане од спиење:



Спонзорирани линкови

Маркетинг