Ураганот Исаја го погоди источниот брег на Флорида, пропратен со обилни врнежи и силни ветрови и од тропска бура повторно станува ураган додека се движи кон североистокот долж источниот брег на САД.
Плажите, парковите и мобилните пунктови за тестирање на коронавирус на Флорида се затворени, а гувернерот Рон де Сантис укажал дека се можни прекини во електричната енергија.
“AP” известува дека Националната служба за следење на урагани соопштила дека Исаја е моментално во категорија на тропска бура и дека се движи со брзина од 105 км/ч., но полека повторно се интензивира. Оттаму упатуваат апел до граѓаните да не се опуштаат.
Стејси Стјуарт, специјалист за урагани, предупредила дека ветровите во пониските делови на бурата добиле поголем интензитет и дека се на граница да станат урагански.
“Очекувавме да се развие во ураган, но тоа сè уште не се случи. Ова е ситуација со две бури – доколку сте на западната страна, не сте особено загрозени, но доколку се наоѓате на источната страна – ќе имате многу лоши временски прилики”, предупредила Стјуарт.