Ураганот Исаја повторно се засилува: Затворени парковите и плажите на Флорида, властите апелираат до граѓаните да не се опуштаат

Точка

03/08/2020

14:10

2.198

Големина на фонт

а а а

Ураганот Исаја го погоди источниот брег на Флорида, пропратен со обилни врнежи и силни ветрови и од тропска бура повторно станува ураган додека се движи кон североистокот долж источниот брег на САД.

Плажите, парковите и мобилните пунктови за тестирање на коронавирус на Флорида се затворени, а гувернерот Рон де Сантис укажал дека се можни прекини во електричната енергија. 


“AP” известува дека Националната служба за следење на урагани соопштила дека Исаја е моментално во категорија на тропска бура и дека се движи со брзина од 105 км/ч., но полека повторно се интензивира. Оттаму упатуваат апел до граѓаните да не се опуштаат.

Стејси Стјуарт, специјалист за урагани, предупредила дека ветровите во пониските делови на бурата добиле поголем интензитет и дека се на граница да станат урагански.


“Очекувавме да се развие во ураган, но тоа сè уште не се случи. Ова е ситуација со две бури – доколку сте на западната страна, не сте особено загрозени, но доколку се наоѓате на источната страна – ќе имате многу лоши временски прилики”, предупредила Стјуарт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг