Семејства со деца гледале филм на отворено во Израел, па биле нападнати од палестински Хамас...

Точка

03/08/2020

13:45

3.197

Големина на фонт

а а а

Терористичката организација Хамас синоќа лансирала ракета кон градот Сдерот на југот на Израел додека жителите на градот гледале филм на отворено.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои може да се види како семејствата со деца трчаат и врескаат покрај паркираните автомобили во потрага по засолниште. Хамас ракетата ја лансирале од северот на Газа, а од израелската армија соопштија дека нивните ПВО системи успешно ја пресретнале и уништиле ракетата.

Ова е прв напад во последниот месец. Сирените за аларм биле вклучени во градот, по што илјадници граѓани веднаш се засолниле.

Израелските медиуми пренесуваат дека нема човечки жртви, но неколку автомобили биле оштетени од шрапнелите кои што паднале на улиците после пресретнувањето на ракетата.

##https://twitter.com/_Kapkan/status/1289992452305088512?s=20##

Неколку часа после нападот, авиони на военото воздухопловство на Израел погодиле неколку места во Хамас во централниот и јужниот дел на појазот Газа. Од израелската армија соопштија дека авионите погодиле фабрика за цемент која била користена за изградба на тунелите, како и други подземни објекти кои ги користеле терористите на Хамас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг