Најмалку 11 лица се убиени, а 42 се ранети во нападите на Исламската држава на затвор на истокот на Авганистан.
Борбите помеѓу џихадистите и авганистанските безбедносни сили и натаму трае, а нападот на затворот во Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангарар следувал после експлозија на автомобил бомба.
Локалниот огранок на Исламската држава од Нангарар ја презеде одговорноста за нападот.
Во затворот кај Џалалабад има околу 1,500 затвореници, од кои неколку стотина се припадници на Исламската држава. Нападот следува откако авганистанската разузнавачка служба соопшти дека специјалните сили го убиле еден од командантите на огранокот на Исламската држава во близина на Џалалабад.
Талибанците во петокот прогласија тридневен прекин на огнот во Авганистан поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.