Иако нејзината трансформација е завршена пред неколку месеци, сепак луѓето не се навикнати на новото издание на музичката супердива.
Британската пејачка Адел и нејзиното губење килограми (50 кг.), без сомнеж изминатиов период беа во центар на внимание кога станува збор за познатите личности.
Убавата девојка од Лондон, која што целиот живот имала вишок килограми и не даваше впечаток дека нешто премногу ѝ е непријатно поради тоа, решила да промени нешто во својот живот по разводот, па почнала да тренира и да се храни здраво.
Бидејќи не е фан на социјалните мрежи и дека не оди многу често на јавни настани, немаме често прилика да ја видиме ''новата'' Адел, па секоја фотографија која што ќе се појави на интернет привлекува огромно внимание во јавноста.
„Ти благодарам кралице што со својата уметност секогаш правиш да се чувствуваме сакано“ - напишала Адел на фотографијата на која што позира покрај постер од Бијонсе.