Видео: 16-годишно момче се удави во Преспанско Езеро, нуркачите повеќе од 6 часа трагаат по телото...

Точка

03/08/2020

12:35

7.037

Големина на фонт

а а а

Момче на возраст од 16 години вчера (2-ри август), во попладневните часови се удавило во Преспанското езеро во Претор.

Од МВР за „Фокус“ го потврдиле инцидентот кој го пријавиле во Итната медицинска помош во полициската станица во Ресен.

„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“ - соопштуваат официјално од МВР.

Инаку, 16-годишното момче било од Ресен, а несреќата се случила откако се превртела педалинката на која што бил тој заедно со свои двајца другари. 

Тие успеале да се извлечат од под педалинката, додека И.М. не успеал да исплива на површината.

Во акцијата која што трае повеќе од шест часа се вклучени и нуркачки тимови од Охрид, граѓани, присутни се екипи на Брза помош, како и полиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг