Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Макфакс

02/08/2020

15:42

3.738

Големина на фонт

а а а

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој апелира на почитување на мерките за заштита од ковид-19, за време на одморите. 

„Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете!“, порачува министерот.

##

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да го зачуваме...

Posted by Венко Филипче on Sunday, August 2, 2020
##

Филипче и синоќа на социјалните мрежи предупреди на изложеноста на опасностите за време на празничните денови, пишувајќи: „Ти си на одмор, но вирусот не е“.

Објавите на министерот следат по информациите за зголемено присуство на народ на туристичките локации во земјава, по повод продолжениот викенд. На голем број снимки и фотографии кои беа објавени може да се забележи голем метеж на плажите и улиците, како и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг