“Суров е, нè остави кога нѝ беше најпотребен”: Полубратот на Обама го оцрнил поранешниот претседател во новата книга

Точка

02/08/2020

15:35

5.398

Големина на фонт

а а а

“Барак Обама е ладен и суров кон своето семејство, тој сака луѓето да го обожуваат, напиша полубратот на поранешниот американски претседател, Малик Обама, во своите мемоари во кои изнел семејни тајни.

Малик, постариот полубрат на Барак Обама, неодамна ги објави мемоарите “Големиот зол брат од Кенија” во кои зборува и за поранешниот претседател на САД. 

“Тој се збогати и стана сноб. Стана вид на човек што сака луѓето да го обожуваат. Јас не го сторив тоа, јас сум неговиот постар брат”, напишал Малик во својата книга.

Тој вели дека неговите односи со Барак Обама се влошиле кога ја поддржал кандидатурата на Доналд Трамп за претседател во 2016 година, против Хилари Клинтон.


Двајцата првпат се виделе во 1985 година, 3 години по смртта на нивниот татко, Хусеин Обама Сениор, кој бил висок функционер во кениската влада. Малик, кој живеел во Кенија, а подоцна се преселил во САД, му бил кум на неговиот брат Барак на венчавката во 1992 година, а за односите со неговиот полубрат вели дека биле “топли”.

“Ситуацијата се промени веднаш откако Барак беше избран за претседател во 2008 година, особено кога му реков дека планирам да основам фондација именувана по нашиот татко. Се искаравме по телефон заради тоа. Тој инсистираше да не го правам тоа и да ја затворам веб-страницата на фондацијата. Ми се закануваше дека ќе ме отфрли ако го сторам тоа”, пишува Обама постариот.

Тој додава дека Барак му рекол дека нивната тетка Хава Аума Хусеин, единствената блиска роднина на нивниот татко, нема да биде поканета на претседателската инаугурација.

“Кога Барак ја посети Кенија во 2015 година, на семејната вечера јас апелирав да ѝ помогне на нашата тетка која живееше во сиромаштија, во куќа која се распаѓаше и се оддржуваше себеси со продажба на јаглен. Таа сакаше Барак да ѝ помогне, да ѝ изгради куќа. Му реков дека ѝ го должи тоа, но тој одговори дека е шворц”, пишува Малик Обама.

Малик споделил и дека неговиот полубрат, исто така го разочарал кога донирал 5.000 долари за погребот на нивен роднина – Зејтуни Оњанго, кој живеел нелегално во Бостон.

“Моравме да ги платиме сметките и трошоците за пренос за Кенија. Се сретнав со Барак во Овалната канцеларија за да разговараме за тоа и тој ме праша колку пари треба да даде. Јас му реков 20.000 долари, но тој одговори дека тоа е премногу”.

Додава дека семејството еден месец собирало пари за да ги плати сите трошоци за погребот на нивната тетка.

“Беше многу добра кон него. Јас не разбирам како некој што тврди дека е близок роднина може да се однесува на тој начин, да биде ладен и суров кон семејството и да им сврти грб”.

Малик исто така ги критикувал мемоарите на Барак Обама и вели дека тој кажал лага кога напишал дека нивниот дедо не бил уапсен во 1949 година од британската колонијална армија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг