Сиена Милер во панталони кои ѝ прилегаат на секоја жена: Совршен крој, материјал и детали

Точка

02/08/2020

14:54

5.600

Големина на фонт

а а а

Удобни, прозрачни, ѝ ласкаат на секоја фигура, идеални се за жешките летни денови, а притоа знаат да ја чуваат тајната дека не сме закажале депилација во салон – панталоните на Сиена Милер се токму тоа што го баравме оваа сезона!

Кога ќе започнат неподносливите горештини, лелеавите кроеви се вистински спас, особено кога доаѓаат во комбинација со мек, природен материјал и светли бои кои привлекуваат завидни погледи, но не и сонце. 

Широките макси панталони веќе неколку години се голем летен хит, а сите обожуваат да ги носат – од модни инфлуенсерки до холивудски актерки.

Британската актерка Сиена Милер својот омилен пар летни панталони го прошетала во Њујорк.


Долгите и широки беж панталони со висок струк, ѕвездата од филмот “Алфи” ги искомбинирала со ребреста бела поткошула, шарени патики и црна чанта во која собира сѐ што ѝ е потребно на една мајка во движење. Устата и носот ги покрила со свилена жолта марама со цветен дезен. Шик, зарем не?

Како ви се допаѓа овој едноставен стајлинг на убавата актерка?




Спонзорирани линкови

Маркетинг