Фаучи: Се надевам дека Русите и Кинезите ќе ги тестираат вакцините пред да ги дадат на некого

Точка

01/08/2020

17:10

3.323

Големина на фонт

а а а

"Да се каже дека се има вакцина подготвена за дистрибуција пред да биде тестирана, за мене е нешто проблематично, да не кажам нешто повеќе", рекол директорот на американскиот институт за заразни болести.

Американскиот имунолог Ентони Фаучи, ценет научник за епидемии, изразил сомнеж во безбедноста на вакцините кои моментално се испитуваат во Русија и Кина. 

"Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат своите вакцини пред да ги дадат на некого", рекол Фаучи во петокот во говорот пред Конгресот.

"Да се каже дека се има вакцина подготвена за дистрибуција пред да биде тестирана, за мене е нешто проблематично, да не кажам нешто повеќе", рекол Фаучи, инаку директор на американскиот Институт за заразни болести.

Неколку проекти за вакцини покажале охрабрувачки резултати, а меѓу нив една кинеска вакцина, на која заеднички работат институтот за воени истражувања и фармацевтската група "CanSino Biologics".

Во западните земји во тек е развој на три вакцини кои се наоѓаат во првата фаза на клиничко испитување на луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг