Видео: Колони возила и утрово се упатија кон Охрид, градот е полн со туристи

Макфакс

01/08/2020

13:06

3.964

Големина на фонт

а а а

Колони возила од утрово се упатуваат кон Охрид, а поради гужвите се движат споро, додека, сообраќајот на моменти е и целосно закочен.

Колапсот на градот започна од вчеравечер, кога сликата беше слична на денешнава. Туристи доаѓаат од сите градови, а најчести, според регистарските таблици се гостите од Скопје. Со оглед на бројот на возила кои пристигнуваат, а во недостиг на паркинг простор, автомобилите се оставаат и по улиците.

Гужви има и во Охрид, на потегот од Билјанини извори кон Пештани. Возилата стојат во место на потегот пред Градиште.

Сите плажи, но и капацитети во Охрид се полнат.

Претходно, Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид објасни дека доколку ваквата состојба продолжи, тогаш бројката на новозаразени ќе се зголемува не само во охридско-струшкиот регион, туку во целата држава. Според него, охриѓани седат дома и се штитат додека гостите се забавуваат без да ги почитуваат мерките.

Министерството за внатрешни работи најави дека за време на продолжениот викенд ќе врши засилени контроли со цел зачувување на стабилната безбедносна и здравствена состојба. Од Министерството за здравство апелираа да се почитуваат протоколите за плажите и базените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг