Температурите ќе одат и до 50 степени, и тоа веќе овој викенд! Страшно предупредување од метеоролозите во САД

Точка

01/08/2020

20:22

5.583

Големина на фонт

а а а

Температури од 49 степени Целзиусови се очекуваат во делови на државите Јута, Аризона, Невада, вклучувајќи го и градот Лас Вегас.

Во Сад овој викенд на сила има предупредување поради опасен жежок бран, посебно во југозападните подрачја каде се очекува температура и до 50 степени, соопштила Националната метеоролошка служба. 

Истиот извор наведува дека посебно тешка ситуација се очекува на југот на Калифорнија.

Температура од 49 степени се очекува во делови на Јута, Аризона, Невада, вклучувајќи го и градот Лас Вегас.

Националната метеоролошка служба апелирала до населението да преземе мерки за претпазливост и помалку да престојува на отворено.

Температури од 46 степени Целзиусови се забележани вчера во Феникс во Аризона, а рекордот во таа смисла бил пробиен во уште четири градови во Калифорнија.

"Многу ретки, опасни и смртоносни температури се очекуваат во големите подрачја на Аризона до понеделник", соопштила Националната метеоролошка служба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг