Sony веќе започна со тестирање на својот прв електричен автомобил

Точка

01/08/2020

13:15

2.678

Големина на фонт

а а а

Sony веќе го изненади светот со претставувањето на својот прототип со кој ја покажа својата технологија кога станува збор за автомобилизмот, а се чини дека во компанијата се сериозни во намерата наскоро да направат сопствен автомобил.

Станува збор за автомобил со два мотори од по 200 kW, еден поставен на предната, а друг поставен на задната осовина од автомобилот. Првиот автомобил на Sony од 0 до 100 километри на час развива за 4,8 секунди, а максималната брзина изнесува 240 километри на час.

Vision-S како што е наречен овој автомобил, располага со 33 различни сензори кои овозможуваат автономија во возењето, но и други опции како што е препознавање на луѓе во автомобилот и надвор од него.

Препознавањето на патниците во кабината, односно на возачот, му овозможува на автомобилот веднаш да ги подеси параметрите на возење за секој возач посебно.

Автомобилот поседува и 360 Reality Auto со звучници на секој од четирите потпирачи за глава, како и панорамски дисплеј на контролната табла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг