Оваа земја ги забележа првите 2 смртни случаи на коронавирус: Одлично се бореа со вирусот, а потоа избило жариште

Точка

01/08/2020

15:17

4.060

Големина на фонт

а а а

Во Виетнам се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус, а во претходните денови земјата ги пријави првите 2 смртни случаи.

Новите случаи се поврзани со неодамнешната епидемија во градот Да Нанг, а вкупниот број на инфекциите се зголемил на 116. Виетнам досега регистрираше вкупно 558 случаи на коронавирус. 

Ден откако во петокот беше пријавен првиот смртен случај во оваа земја, која се бори со обновена епидемија по 99 дена без ниту еден случај на зараза, се случил и вториот смртен случај.

Двајца мажи починале во болницата во Да Нанг, жариште во кое минатата недела беа регистрирани над 100 заболени. Да Нанг е најпопуларната крајбрежна дестинација во Виетнам, каде над 1000 туристи го поминуваат својот летен одмор.


Виетнам беше светска успешна приказна во борба против коронавирусот, без смртни случаи и без локална трансмисија, но минатата недела епидемијата изби токму во Да Нанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг