Твитер профилите на Безос, Маск и Гејтс ги хакирал – 17-годишен тинејџер

Точка

01/08/2020

10:42

2.830

Големина на фонт

а а а

17-годишниот Грејем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека стои зад хакирањето на повеќе Твитер профили, помеѓу кои и оној на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, сопственикот на Тесла – Илон Маск и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Кларк се товари по 30 точки од обвинението поради измама на повеќе луѓе ширум САД кои се поврзани со хакирањето на Твитер профилите на познатите и моќни Американци на 15 јули. 


Обвинителот на округот Хилсбороу, Ендру Ворен, рекол дека намерата на обвинетиот била кражба на идентитетите на познатите личности за да ги наведе жртвите да му испраќаат биткоини на сметките кои се поврзани со него.

Ворен го означил Кларк како лидер на хакерскиот напад, а според неговите зборови, за само еден ден тој добил биткоини во вредност поголема од 100.000 долари.

Некогашниот претседател на САД, Барак Обама, исто така бил на мета на Грејем Кларк, како и Џо Бајден и Мајкл Блумберг.


Државниот обвинител на округот Хилсбороу ќе го процесира Кларк како полнолетно лице бидејќи законот во Флорида овозможува малолетни лица да бидат обвинети како возрасни личности во случаи на финансиска измама.

Уште две лица се обвинети пред сојузниот суд во Калифорнија за добивање корист од хакирањето. Судските документи објавени во петокот покажуваат дека федералните агенти ги пронашле хакерите со следење на биткоин трансакциите и добивање записи за нивните онлајн разговори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг