17 милиони прегледи: Момче се заиграло на венчавка и го воодушеви интернетот

Точка

01/08/2020

13:04

12.368

Големина на фонт

а а а

Момчето Колби има само 10 години, а веќе ги освои срцата на интернет корисниците.

На социјалната мрежа ТикТок се појави симпатично видео од венчавката на сестрата на детето, кое собрало 17 милиони прегледи.

Момчето, како што се гледа на снимката, танцува на сцената, додека во позадина свири „Savage“.

Видеото на социјалните мрежи го споделила кумата.

„Ова е негова венчавка, иако сестра му се венча“, напишала во описот на видеото и открила дека момчето било опкружено со воодушевените гости и дека сите му се придружиле во танцот.

Во видеото во позадина може да се види уште едно момче, кое се обидувало да ги имитира неговите движења.

„Подобро игра од многумина на ТикТок“, „Дошол, видел, издоминирал“, биле дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг