Ослабнала 30 килограми без вежбање и гладување: Доволно било само да ја промени оваа навика!

Точка

01/08/2020

09:12

8.146

Големина на фонт

а а а

Адријен Марш (24) од Лондон успеала да ослабне дури 30 килограми, а на фотографиите од 'пред' и 'потоа' е речиси непрепознатлива.

Она што на многумина им е неверојатно е тоа што оваа млада девојка речиси се преполовила кога променила само една навика.

Британката Адријен Марш почнала да се дебелее поради внесување преголема количина на храна, најпрвин во рестораните кои ги посетувала заедно со момчето.

Таа често за вечера јадела по два калорични оброка, пиела коктели и имала многу ужинки во текот на денот.

„Тешко е да се одреди колку калории внесував навечер, бидејќи секој ресторан е различен. Првиот оброк може да биде околу 2.000 калории. После едниот оброк обично следуваше пијалок, пилешки хамбургер и чипс или паста, кои повторно може да содржат од 1.000 до 2.000 калории. Покрај сето тоа пиев коктели. Пет Пина Колада коктели во просек имаат околу 870 калории, така што комплетната вечера можеби изнесуваше околу 4.000 калории“, рекла Адријен.

View this post on Instagram

That gold curtain and carpet combo though?

A post shared by Adrienne Marsh (@adimarsh_) on

Кога увидела дека повеќе не може да ги носи омилените парчиња облека, во јануари, 2019-та година одлучила да ги промени своите навики.

Наместо одење во ресторан со момчето, почнала редовно да оди на прошетка и да јаде домашна храна. Адријен почнала да ја спроведува Кембриџ диетата во која се внесуваат 1.000 калории на ден.  Таа моментално има 72 килограми и е презадоволна од својот изглед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг