Кејти отишла на одмор па ги скршила двете стапала - половина година нема да може да стои на нозе

Точка

01/08/2020

10:27

5.651

Големина на фонт

а а а

Кејти Прајс за време на одморот во Турција ги скршила двете стапала, па се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и објаснила што се случило.

Како што пренесуваат странските медиуми, таа цела ноќ ја поминала во болница со скршеници на петите, а откако ќе се врати во Британија ќе мора да направи операција.

Страшната повреда ја доживеала за време на посета на еден тематски парк со момчето и двете деца - скокнала од еден ѕид, па така и ги скршила стапалата.

„Да, вистина е. Морам да ги оперирам двете стапала и ќе ми вградат шипки. Нема да можам да стојам на нозе од 3 до 6 месеци“, напишала таа на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг