4 видови интимни односи поради кои луѓето не се чувствуваат добро – ова никој не го сака

Точка

31/07/2020

15:55

4.608

Големина на фонт

а а а

За добар секс потребно ви е да имате вистински партнер и секако - страст. Иако оваа формула е многу едноставна, постојат фактори кои што сексот можат дополнително да го зачинат.

Секс според распоред

Иако е добро да бидете организирани и да внимавате за секоја најмала ситница, сексот не треба да биде на вашата листа на обврски.

Многу е тешко да издвоите време за романтично водење љубов под свеќи, но тоа што никако не смеете да го изгубите е спонтаноста. Спонтаниот секс всушност е најстрастниот, а доколку сакате да постигнете незаборавен оргазам тогаш тоа треба почесто да го правите.


''Секс на екс''

Сексот набрзина може да биде многу страстен и посакуван, но доколку секој ваш однос со партнерот трае само неколку минути, тогаш време е да се запрашате - дали тоа навистина е сè што можете да дадете од себе?

Секс без страст

Доколку и вие сте една од оние личности кои што сексуалното задоволство го меша со обврските кои што мора да ги направите за вашата врска да биде успеашна, а последниот оргазам сте го доживеале претходното лето, тогаш проблемот не е во вас туку во начинот на кој што му пристапувате на сексот.

Предиграта, заведувањето и сите останати начини за разгорување на страстите, постојат со причина и доколку сакате да го доживеете оргазмот никако не треба да ги скратувате тие работи. Вашето тело препознава такви ситуации и истото ќе реарига на вистински начин.


Секс како рутина

По одредено време поминато со партнерот, паровите веќе напамет знаат во која положба сексот им одговара или пак на кој начин најчесто ќе доживеат оргазам.

Иако тоа не е лоша работа, тенка е границата помеѓу препознавање на потребите на партнерот и монотонијата. Задржете ја својата рутина, но задолжително понекогаш направете нешто кое што ќе ги разбие вашите рутински движења.




Спонзорирани линкови

Маркетинг