Деџенерис се огласи по обвиненијата од вработените: „Научив дека луѓето кои што работат за мене, лошо ме претставуваат...“

Точка

31/07/2020

14:45

3.064

Големина на фонт

а а а

Популарната водителка Елен Деџенерис се огласила по обвиненијата за навредите кон вработените и покренатата истрага по повод нејзиниот однос кон вработените.

Елен Деџенерис му се извинила на тимот откако била покрената истрага за ''токсичното работно опкружување'' во рамките на нејзиното шоу:

„Првиот ден од нашата емисија им кажав на сите дека ова ќе биде среќно место, дека никој нема да повиши тон и сите ќе бидат третирани со почит.

Очигледно нешто се променило и разочарана сум што тоа така излезе на крајот. Жал ми е. Секој кој ме познава знае дека тоа е спротивно од тоа што сум верувала и на што се надевав“.


Таа додала дека се надевала дека другите ќе ја работат нивната работа онака како што таа сакала, но очигледно дека тоа не било така:

„Научив дека луѓето кои што работат за мене зборуваат во мое име и лошо ме претставуваат и тоа мора да престане.

Како некој да е осудуван и изгубил речиси сè поради тоа што е, разбирам и се сочувствувам со оние кои што глдаат поразлично, неднакво и со помалку почит кон работите. Кога ќе помислам дека некој од вас се чувствувал така, јас се чувствувам ужасно“.


Таа исто така изјавила дека ќе се потруди такви работи уште еднаш да не се случуваат:

„Вака беше предолго, но конечно имаме разговори за праведност. Мораме да бидеме повнимателни кога во прашање е нашиот збор, акција. Среќна сум што знам сега во што е проблемот“ - заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг