Точка ТВ: Секој човек ги има во себе – 5 супермоќи кои не сте знаеле дека ги поседувате

Точка

31/07/2020

12:55

6.176

Големина на фонт

а а а

Луѓето имаат природна способност за неверојатни работи, но вообичаено тоа не го знаат затоа што 99 отсто од телото или мозокот таквите супермоќи ги кријат од нас.

Човечкото тело, исто како и мозокот, има изненадувачки способности за кои што не сме свесни дека ги поседуваме сè додека не дојде до момент кога мора да ги искористиме.

Херојска супермоќ

Сите сте ја слушнале урбаната легенда за дамата која што подигнала автомобил, но тоа навистина се случило.

Таа го подигнала автомобилот неколку центиметри, онолку колку што било потребно за да го спаси својот син кој што бил заглавен под него.

Нашите мускули имаат способност за такви работи, но очигледно е дека нашиот мозок во тоа ги спречува. За тоа постои и добра причина, а тоа е дека човечките тетиви и ткива не се создадени за таков вид ''злоупотреба''.

Гледање со ушите (ехолокација)

Таква супермоќ имаат и некои од јунаците од стриповите кои што со помош на неверојатниот слух, условно гледаат.

Оваа способност не е плод на фантазијата туку постои.

Велосипедистот Даниел Киш е доказ за тоа. Тој е слеп, но својот слух го користи за ментално да си создаде слика каков е светот околу него, па поради тоа додека вози тој брзо ги избегнува препреките на патот - камења, дрва...

Супермеморија

Вашиот мозок технички има способност да ја запомне секоја една работа која што сте ја искусиле во животот.

Џил Прис е една од луѓето која што има способност за речиси совршен автобиогравска меморија.

Па така, доколку неа ѝ спомнете било кој датум, од било која година, таа може да ви каже сè што се случило тој ден.


Имуност на болка

Факт е дека болката е неразделен дел од животот за сите нас. Сепак, во моментот кога ќе дојде до некаква повреда, некои од нас не чувствуваат болка.

Во тој момент на шок и траума човечкиот мозок ја ''исклучува'' болката.

Тоа го потврдиле многубројни поединци кои што преживеале неверојатни несреќи со речиси смртни последици, а во тие моменти не почувствувале речиси никаква болка.


Манипулација

Ситуацијата позната како ''bullet time'' навистина постои. Доколку не верувате во тоа, тогаш треба да поразговарате со некој човек кој што бил во војна или пак на раб на смрт.

Била спроведена студија на полицајци кои што често биле во опасни ситуации. Еден од нив го потврдил горенаведеното.

„Во текот на насилствата погледнав околу себе и во метежот видов лименка пиво како успорено се движи во воздухот покрај моето лице.

Интересно е тоа што во тие моменти успеав да прочитам еден мал збор кој што беше напишан на дното од лименката - ''fuderal''“ - изјавил полицаецот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг