Најмоќниот антиоксиданс во природата: Овој минерал штити од канцер, го чува срцето и го зајакнува имунитетот

Точка

31/07/2020

21:32

9.487

Големина на фонт

а а а

Селенот е есенцијален минерал кој во организмот се наоѓа во траги, но е неопходен за живот и за нормално функционирање на организмот.

Медицински гледано, микроелементите му се потребни на телото во исклучително мали количини, помалку од 50 мг. на ден. Недостигот од тие елементи, од друга страна, може да предизвика сериозни физиолошки нарушувања во организмот. 

Иако е многу потребен за човечкото здравје, овој минерал е откриен и признаен дури во 1970-те години.


Возрасниот човечки организам во просек содржи околу 20 мг. селен, од што најголема концентрација се наоѓа во еритроцитите, бубрезите, црниот дроб, срцето, слезината и тестисите.

Улога во организмот

Во телото, селенот е составен дел на околу 30 познати селенопротеини (важни антиоксидативни ензими), па делува како антиоксиданс и штити многу системи на организмот од оксидативни оштетувања. Составен дел е и од тропептидниот ензим, глутатион пероксидаза, најважниот антиоксидативен ензим во човечкото тело. Тој ензим е неопходен во процесот на отстранување на хидроген пероксид од организмот.

Освен немерливата улога во антиоксидативната заштита на организмот, селенот исто така:

- го штити телото од заболувања на крвните садови

- го зајакнува имунолошкиот систем

- го намалува ризикот од појава на многу видови рак, особено рак на дојка, желудник, грло и ректум

- го штити телото од токсичноста на тешките метали и од загаденоста на надворешната средина


- го забавува стареењето и помага во борбата против артритис, Кронова болест, инфекција на дишните патишта и многу болести на кожата

- има значајна улога во работата на тироидната жлезда

- позитивно влијае врз машката плодност

- го подобрува антиоксидативното дејство на витамините А и Е

Најмногу селен има во пивскиот квасец и во пченичните никулци, јаткастите плодови, како што се бразилскиот орев и домашните ореви, како и во јајцата, путерот, сојата, рибата (туна, бакалар и харинга), морските плодови, лукот, интегралните производи од цело зрно, овесната каша и сончогледовото семе.

Исто така, месото како говедско, пилешко, мисиркино, јагнешко и свинско се одличен извор на овој минерал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг