Точка ТВ: Ова се трите најгласни животни во природата

Точка

30/07/2020

21:26

3.713

Големина на фонт

а а а

Звуците на овие животни не се само за забава – сите имаат своја намена, а ова се трите најгласни животни во природата.

Сите лилјаци испуштаат звук со висока фреквенција, а нивните уши „фаќаат“ звук, односно вибрации врз кои проценуваат колку некој плен, предатор или препрека е далеку од нив. Најгласен во ова семејство е големиот „Булдог лилјак“ кој испушта звук од 140 децибели.

Тоа е звук погласен од звукот кој го испушта моторната пила, а луѓето обично не можат да го слушнат затоа што всушност станува збор за ултразвук со фреквенција од 20 до 200 килохерци.


Китовите се морски цицачи комуницираат со песна и други слични звуци. „Песната“ на синиот кит достигнува 188 децибели и патува дури 804 километри, но најгласен е китот Кашал со 230 децибели под вода. Сепак, огласуваето на Кашалот трае само 10 милисекунди

Ракчето „Тигрест пиштол“ е најбучниот член на животинското царство со звук кој надминува 200 децибели, односно звукот е посилен од истрел на куршум!

Додека ловат, овие ракчиња создаваат силни млазови кои се со толку голема брзина што создаваат меурчиња. Кога експлодираат, се создава бран кој може да убие риба на растојание од два метри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk