Mercedes го унапреди својот „ѕвер“: AMG GT има 530 КС

Точка

30/07/2020

18:11

2.187

Големина на фонт

а а а

„Обичната“ верзија на Mercedes-AMG GT веќе имаше нешто помалку од 500 коњски сили, меѓутоа Германците решија уште малку да го подобрат својот автомобил.

Иако автомобилот под хаубата и натаму го има 4,0-литарскиот twin-turbo V8 мотор, овојпат е помоќен за 54 коњски сили, па сега произведува 530 коњски сили. Овој агрегат е сместен кај Coupe и Roadster верзијата, а германскиот производител ја укина GT S серијата.


Тоа значи дека гамата на GT модели сега ги опфаќа: AMG GT, AMG GT C, AMG GT R, AMG GT R Pro и AMG GT R Black Series.


Унапредениот Mercedes-AMG GT веќе може да се нарача на европскиот пазар по цена од 119 илјади евра за Coupe верзијата, додека пак за Roadster треба да се издвојат нешто повеќе од 130 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг