На интернет повторно кружи снимка на која се гледа како патка успева да надмудри тигар кој се спрема да ја нападне.
И понатаму е нејасно каде настанало видеото кое е објавено пред неколку години на Инстаграм, но повторно стана вирално откако исечок од него е објавен на Твитер.
На снимката се гледа патката која нурка токму во моментот кога тигарот се спрема да ја зграби.
Големата мачка останала збунета и се вртела околу себе, а видеото на социјалните мрежи воодушевило многумина.