Агентот на Кутињо ја најави новата дестинација на Бразилецот

Дерби

28/07/2020

20:00

2.523

Големина на фонт

а а а

Филипе Кутињо не успеа да се снајде и во Баерн Минхен, па останува отворено прашањето во кој клуб ќе го гледаме во наредната сезона.

Тој се уште е под договор со Барселона, меѓутоа каталонците не даваат сигнали дека го посакуваат во своите редови. Поради ова се бара соодветно решение, па според агентот на играчот Киа Јорабчијан првата опција е кам-бек во Премиер лигата, но ја остави подотворена вратата и за останување на „Камп Ноу“.

-Бидејќи Лигата на шампионите трае до 23 август, ќе биде многу тешко за играчите како Кутињо да преземат какви било обврски или потези пред тоа. За него е многу тешко да посвети, преземе обврска. Не е тајна дека сака да се врати во ПЛ ако може.

-Обожава да игра во Премиер лигата и мислам дека тоа е еден од неговите приоритети, но во исто така не е против да остане во Барселона, така што е многу отворен. Има многу интерес затоа што тој е одличен играч, па затоа секогаш има интерес, -истакна Јорабчијан за „Токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг