Рускиот автор Лав Николаевич Толстој во своите дела допре многубројни личности затоа што ситуациите со кои што ликовите можат да се поистоветуваат се многу, без оглед на статусот и годините.
Овие совети од неговиот роман „Ана Каренина“ кој што настанал во 1873-та година, на сите можат да ни послужат и денес:
Кога мора да избере помеѓу двајцата додворувачи, Левин и Вронски, 18-годишната Кити мисли дека шанса треба да му даде на оној кој што е позгоден и пошармантен. Но, иако Вронски кокетира со неа, тој се заљубува во Ана Каренина, а на крајот и двајцата остануваат со скршени срца.
Од друга страна пак, Левин на прв поглед делува ексцентрично, но низ книгата се докажува како елоквентен партнер.
Статистиките упатуваат дека годините за стапување во брак на двата пола значајно се промениле од почетокот на 20-те години на крајот на оваа деценија.
Лав Толстој во своето познато книжевно дело не го прикажува тој тренд, но секако дека пишува за проблемите со кои што се соочуваат сите кои што го поминуваат системот на запознавање и додворување.
Бројот на разводи во денешно време е толку многу голем, што многу од паровите не сакаат ниту да се венчаат.
Понекогаш примамливо е да се пожалите дека животот не е фер, но од перспективата на Толстој тоа не е продуктивно. Тој мисли дека судбината е предодредена, па можеме да го промениме начинот на кој што се носиме со својата судбина.
Приказната за Ана Каренина е трагедија затоа што главниот лик го ризикува својот живот за да го следи своето срце. Но, тоа не значи дека романтиката и вистинската љубов не постојат.
Луѓето би требало да уживаат во своите мали ритуални обврски доколку тоа им претставува среќа.
Една од причините зошто Левин е најпознатиот лик во романот „Ана Каренина“ е фактот што не се смета за господин туку за личност која што рамноправно ќе работи, според свои заслуги.