По ајварот, започнала да присвојува сè по ред – Дуа Липа сега прејде на бурекот и сармата

Точка

28/07/2020

14:55

8.569

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа која неодамна предизвика скандал кога на социјалната мрежа Инстаграм постави карта на “голема Албанија”, не се “смирува”.

Таа прво во емисијата “First We Feast” рече дека ајварот и босанскиот суџук се традиционални албански јадења, што предизвика голема бура на социјалните мрежи. 

Меѓутоа, пејачката и претходно зборувала за храна која ја присвоила како дел од албанската традиција.

Имено, Дуа Липа во април гостувала во емисијата “Table Manners” која ја водат британската пејачка Џеси Вер и нејзината мајка Хелен. Темата на емисијата е храна, па Дуа по приказните за детството, зборувала и за јадењата кои се приготвувале во нејзиниот дом.


“Мојата мајка секогаш припрема традиционални јадења како што е питата. Тоа е јадење со спанаќ, сирење и кори. Многу е вкусно и секогаш ми недостасува кога сум на турнеја. Припрема и сарма, тоа е месо, ориз и листови зелка”, рекла пејачката и додала дека обожува и бурек.

“Постојат големи сличности кога станува збор за балканската кујна. Обожувам и бурек”, изјавила Дуа Липа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг